Проекти и обуки

АТИНУЛА НИЧОВА

АТИНУЛА НИЧОВА

Магистер по педагогија во областа на методиките

Во текот на својата професионална кариера работи како обучувач на воспитувачи во државни, приватни градинки и центри за рано учење и развој. Како теренски истражувач има дадено свој придонес во разни експертски тимови за развивање на законски документи, од областа на детската заштита и надзор за мерење на квалитетот во установите за деца.

Автор е на повеќе научни трудови од областа на раниот детски развој, инклузивно образование и мултикултурализам во раното детство, прирачници и работни листови за воспитувачи и негуватели, како и сценарист на 10 емисии за деца од едукативен карактер.

Особено е горда што е дел од тимот воспитувачи за колегијална поддршка, кој е задолжен за спроведување на рамката: „Основи на социјална кохезија и културен дијалог“.
Како апликант и координатор на три Еразмус+ и еТвининг проекти во полето на образование и мобилност, има воспоставено успешна професионална соработка со повеќе европски образовни институции и провајдери.

Придружи ни се

Асоцијација и консалтинг на едукатори и заедници за учење ЕДУЛЕНД, како партнери на Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје, нуди можност за личен професионален развој преку следење на интерактивни обуки. Обуките се спроведуваат со примена на пакет алатки, презентации, пленарни дискусии, вежби, работа во парови или во групи, споделување на сопствени искуства и практики. Обуките се реализираат со физичко присуство и на барање на заинтересирани учесници и на онлајн платформата Зум.

Group of cute children lying on grass