Проекти и обуки

Волшебна чинија – Прирачник за развивање здрави навики во исхраната кај деца на предучилишна возраст

Волшебна чинија – Прирачник за развивање здрави навики во исхраната кај деца на предучилишна возраст

Овој прирачник има за цел да им помогне на вработените во предучилишните установи да ги надградат сопствените знаења за здравата исхрана и да им понуди конкретни активности и материјали преку кои ќе помогнат во развивање здрави навики.

Главни црти

Предучилишните установи играат клучна улога во промовирањето на здравата исхрана за децата. Градинките треба да нудат здрави и балансирани оброци и ужинки, но и да им овозможат на децата преку игра да учат за здравата храна и да усвојуваат здрави навики, заедно со своите врсници.

Овој прирачник има за цел да им помогне на вработените во предучилишните установи да ги надградат сопствените знаења за здравата исхрана и да им понуди конкретни активности и материјали преку кои ќе помогнат во развивање здрави навики за исхраната кај децата и нивните семејства.

Документи достапни за превземање

Волшебна чинија – Прирачник (МКД)

Волшебна чинија – Прирачник (АЛБ)

 

Превземено од : unicef.org

Придружи ни се

Асоцијација и консалтинг на едукатори и заедници за учење ЕДУЛЕНД, како партнери на Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје, нуди можност за личен професионален развој преку следење на интерактивни обуки. Обуките се спроведуваат со примена на пакет алатки, презентации, пленарни дискусии, вежби, работа во парови или во групи, споделување на сопствени искуства и практики. Обуките се реализираат со физичко присуство и на барање на заинтересирани учесници и на онлајн платформата Зум.

Group of cute children lying on grass