„Градиме знаење денес, за посветла иднина утре!“
Асоцијација и консалтинг на едукатори и заедници за учење – ЕДУЛЕНД е основано по иницијатива на воспитувачи за обезбедување нa колегијална поддршка во насока на остварување на целите за формирање професионални заедници за учење во градинките низ Република Северна Македонија.
„Градиме знаење денес, за посветла иднина утре!“
Асоцијација и консалтинг на едукатори и заедници за учење – ЕДУЛЕНД е основано по иницијатива на воспитувачи за обезбедување нa колегијална поддршка во насока на остварување на целите за формирање професионални заедници за учење во градинките низ Република Северна Македонија.
„Градиме знаење денес, за посветла иднина утре!“
Асоцијација и консалтинг на едукатори и заедници за учење – ЕДУЛЕНД е основано по иницијатива на воспитувачи за обезбедување нa колегијална поддршка во насока на остварување на целите за формирање професионални заедници за учење во градинките низ Република Северна Македонија.
„Градиме знаење денес, за посветла иднина утре!“
Асоцијација и консалтинг на едукатори и заедници за учење – ЕДУЛЕНД е основано по иницијатива на воспитувачи за обезбедување нa колегијална поддршка во насока на остварување на целите за формирање професионални заедници за учење во градинките низ Република Северна Македонија.
„Градиме знаење денес, за посветла иднина утре!“
Асоцијација и консалтинг на едукатори и заедници за учење – ЕДУЛЕНД е основано по иницијатива на воспитувачи за обезбедување нa колегијална поддршка во насока на остварување на целите за формирање професионални заедници за учење во градинките низ Република Северна Македонија.
{DFBA9174-61C3-4EC8-9D95-56D6D0985B18}

Мисија и визија

Нашата мисија е да се обезбедат еднакви можности за раст, развој и учење на сите деца, вклучувајќи ги и децата кои се соочуваат со социјални и здравствени ризици, со цел да го достигнат нивниот највисок развоен потенцијал.

Нашата визија е сите деца да го искористат својот максимален развоен потенцијал и да успеат во животот.

Зошто да не одберете нас

Едуленд е асоцијација чии основачи се веќе докажани експерти со историја на претходни активности, кои ја сочинуваат најсилната национална професионална група на воспитувачи. 

Како долгогодишни експертски членови на Ран детски развој консалтинг и истражување (ECD Кor) и сега како основачи на Едуленд, беа иницирани од Националната кор-група воспитувачи за колегијална поддршка, да основаат Асоцијација на едукатори и професионални заедници ЕДУЛЕНД. Сите нејзини членови се веќе обучени, сертифицирани, со долгогодишно искуство во воспитно-образовната работа со деца од предучилишна возраст. Асоцијацијата Едуленд е партнер на канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје и ресорните министерства.

Едукација и развој на вештини за учење

Институционално јакнење на организации

Креирање на едукациски програми и искуства

Наши партнери

Бројките зборуваат за нас

Едуленд е асоцијација чии основачи се веќе докажани експерти со историја на претходни активности, кои ја сочинуваат најсилната национална професионална група на воспитувачи. Како долгогодишни експертски членови на Ран детски развој консалтинг и истражување (ECD Кor) и сега како основачи на Едуленд, беа иницирани од Националната кор-група воспитувачи за колегијална поддршка, да основаат Асоцијација на едукатори и професионални заедници ЕДУЛЕНД

Обучени воспитувачки
0 +
Обучени негователки
0 +
Градинки
0 +
Стручни работници
0 +

ОСНОВАЧКИ ТИМ

Членовите на асоцијацијата споделуваат заедничка мисија, визија и вредности, кои се темел на нивната посветеност и заеднички напори за создавање подобри услови за воспитание и образование, придонесувајќи кон посветла иднина за сите.

Успешни приказни

САЊА АЛЕКСОСКА
Претседател на Едуленд
САЊА АЛЕКСОСКА

Магистер по педагошки науки

Сања Алексоска, посветено го гради својот професионален развој во предучилишната практика преку доживотно учење, вложувајќи се во унапредување на квалитетот на воспитно-образовниот процес. Нејзината работа се одликува со заложба за институционално зајакнување и развивање на капацитетите на вработените во предучилишните установи низ целата држава.

Учествува во бројни експертски групи за изработка на документи од законска регулатива во областа на детската заштита, како и за евалуација и мерење на квалитетот на предучилишното образование во приватни и државни градинки, центри за ран детски развој и мигрантски кампови.

Таа е координатор на проекти, професионални заедници за учење во сите региони на државата, исто така е член на комисии за верификација на едукативни активности на онлајн платформи. Со своето искуство и стручност, успешно ги препознава потребите и состојбите на децата, заложувајќи се за остварување на нивните права.

Нејзината работа опфаќа организирање и реализација на обуки во предучилишни установи, едукација на воспитувачи за колегијална поддршка и мотивирање на позитивни промени во секојдневната практика. Автор е на воспитно-образовни и едукативни изведбени материјали за деца, како и на упатства за користење прирачна литература за деца од предучилишна возраст и прирачници за вработените во градинките.

Се заложува за конструктивистички пристап во воспитно-образовната работа, учење засновано на решавање проблеми и учење преку игра. Како ментор, работи со воспитувачи, стручен кадар, негуватели и дадилки, кои згрижуваат деца во домашни услови, обезбедувајќи им насоки за унапредување на нивната работа со деца од предучилишна возраст.

АТИНУЛА НИЧОВА
Потпретседател на Едуленд.
АТИНУЛА НИЧОВА

Магистер по педагогија во областа на методиките

Во текот на својата професионална кариера работи како обучувач на воспитувачи во државни, приватни градинки и центри за рано учење и развој. Како теренски истражувач има дадено свој придонес во разни експертски тимови за развивање на законски документи, од областа на детската заштита и надзор за мерење на квалитетот во установите за деца.

Автор е на повеќе научни трудови од областа на раниот детски развој, инклузивно образование и мултикултурализам во раното детство, прирачници и работни листови за воспитувачи и негуватели, како и сценарист на 10 емисии за деца од едукативен карактер.

Особено е горда што е дел од тимот воспитувачи за колегијална поддршка, кој е задолжен за спроведување на рамката: „Основи на социјална кохезија и културен дијалог“.
Како апликант и координатор на три Еразмус+ и еТвининг проекти во полето на образование и мобилност, има воспоставено успешна професионална соработка со повеќе европски образовни институции и провајдери.

ДОБРИ ЈОВЕВСКИ
Член на Управен одбор
ДОБРИ ЈОВЕВСКИ

Магистер по математичко-информатички науки

Во текот на својата професионална кариера, работи како наставник, обучувач и ментор во основното образование. Активно учествува во развојот на наставни програми, изработка на образовни ресурси и спроведување обуки за наставници во државни и приватни образовни институции. Како надворешен соработник на Бирото за развој на образованието и Државниот испитен центар, придонесува кон изработка на нови наставни програми за математика и националните тестирања по предметот.

Автор е на бројни учебници и збирки задачи по математика за основно образование, одобрени од Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието. Создава прирачници за наставници и други стручни трудови, кои се високо ценети за својата практичност, иновативност и професионалност.

Член е на тимот обучувачи кои промовираат медиумска писменост, инклузивно образование и дигитални иновации во наставата. Преку проекти како „Младите размислуваат“, „Формативно оценување“ и „Училишта што го унапредуваат здравјето“, активно работи на унапредување на компетенциите на наставниците и создавање инклузивна образовна средина.

Координатор е на неколку проекти поддржани од меѓународни организации. Воспоставува успешна соработка со образовни институции и организации од Европа и пошироко.
Добитник е на бројни меѓународни, регионални и локални награди за својата иновативност во наставата, повеќегодишен наградуван просветен работник во државата, носител на многу признанија, вклучувајќи прва награда на Европскиот форум за иновативни наставници.

РОСА ЦВЕТАНОВСКА
член на Надзорен одбор
РОСА ЦВЕТАНОВСКА

Дипломиран професор по предучилишно воспитание и образование

Роса Цветановска е искусен воспитувач и раководител со долгогодишно искуство, која се истакнува со одлични комуникациски и интерперсонални вештини. Таа е практичар, кој постојано ја демонстрира својата стручност преку силни организациски и аналитички способности.

Нејзината способност за тимска работа и исклучителната комуникативност ѝ овозможија да стане едукатор за колегијална поддршка, преку што несебично ги споделува своите знаења и вештини со воспитувачите во градинките, придонесувајќи кон унапредување на предучилишната практика.

Автор е на прирачници за практична имплементација, наменети за воспитувачи и родители, кои се значаен ресурс за подобрување на воспитно-образовниот процес. Како член на комисија за функционалност на едукативни содржини и верификација на едукативни активности на онлајн платформи, таа активно придонесува за развојот и проверката на квалитетот на воспитно-образовните материјали.

Со својата посветеност и стручност, Роса Цветановска остава значаен печат во областа на предучилишното образование.

МИРА ЃОРЃИЕВСКА
Член на Надзорен одбор
МИРА ЃОРЃИЕВСКА

Дипломиран педагог

Мира Ѓорѓиевска има долгогодишно искуство во предучилишната практика како воспитувач и педагог, со одлично познавање на современите педагошки пристапи во образованието на деца од предучилишна возраст. Нејзината работа е насочена кон примена на воспитно-образовни стратегии фокусирани на детето, со особен акцент на инклузивното предучилишно образование.

Таа има препознатливи и докажани вештини за менторство на деца од предучилишна возраст и нивните семејства, како и на воспитувачи од предучилишни установи. Автор е на бројни драмски текстови за деца од рана возраст, аудиосликовници и сценарија за организирање настани со деца, како во, така и надвор од градинките. Покрај тоа, создава едукативни материјали наменети за родители и воспитувачи, со што придонесува за унапредување на предучилишната практика.

Мира Ѓорѓиевска се истакнува со специјализирани знаења и вештини за обука на возрасни, особено на воспитно-згрижувачкиот кадар во градинките. Таа е истакнат Едуино амбасадор, посветена на колективно подобрување на образованието преку кокреација и воведување иновации во предучилишното образование.

ВАЛЕНТИНА ЗИНДЛ
Член на Надзорен одбор
ВАЛЕНТИНА ЗИНДЛ

Магистер по педагошки науки

Валентина Зиндл поседува долгогодишно работно искуство во областа на раниот детски развој каде се истакнува како професионалец со голема страст кон она што го работи. Таа има различни позиции, едната ѝ овозможува директна работа со малите деца, каде се фокусира на нивниот развој преку различни методи и активности кои ги поттикнуваат когнитивните, емоционалните и социјалните вештини.

Во другата позиција игра клучна улога во поддршка на тимови и професионалци кои работат со деца. Со својот искуствен пристап и учество во подготовка на модули, едукативен материјал, прирачници ги збогатува нивните практики и им помага да развијат стратегии кои ќе придонесат за уште подобра грижа и стимулирање на детскиот развој.

Фокусирана на создавање на тимска синергија, едукација и размена на искуства. Ја почитува важноста на грижата за себе, практикува методи кои ѝ помагаат да одржува балансиран и квалитетен живот.

Валентина продолжува да се развива како професионалец и да биде значаен извор на инспирација на сите кои работат со деца.