Проектот „Градење на капацитети на негувателките во предучилишни установи” се реализираше во периодот 2022/23 година. Проектните задачи имаа цел да го унапредат квалитетот на сервисите и да ги зајакнат професионалните компетенции на негувателките преку обуки за негувателки ментори и дисеминациски обуки, како продолжување на Рамката за унапредување на социоемоционалниот развој кај децата – Модул 1.
Едуленд се јавува како организатор и имплементатор на проектот преку партнерство со Уницеф, а во соработка со Министерството за социјална политика, демографија и млади.
Проектот „Развивање на здрави навики во исхраната кај деца од предучилишна возраст“ имаше за цел да ги зајакне компетенциите на вработените во градинките во насока на создавање здрави навики во исхраната кај децата од предучилишна возраст. Организатор и имплементатор на проектот е Едуленд, во партнерство со Уницеф и Здружението за одржлив развој Арете, во соработка со Министерството за социјална политика, демографија и млади.
Проектот започна да се спроведува на крајот од 2023 година, во месец декември. Во неговата реализација беа имплементирани следните проектни активности:
Во месец септември 2024 година, се одржа дводневна обука за обучувачи, кои добија задача да ги пренесат стекнатите знаења во 31 детска градинка од голем капацитет низ целата држава.
Од средината на месец октомври, сѐ до крајот на месец ноември се дисеминираа обуки за здрава исхрана и стекнување здрави навики во исхраната, во 31 градинка.
ЕДУЛЕНД е основано по иницијатива на воспитувачи за обезбедување нa колегијална поддршка во насока на остварување на целите за формирање професионални заедници за учење во градинките низ Република Северна Македонија.