Обуки

ОБУКИ ОД ПРОЕКТОТ

„Градење на капацитети на негувателките во предучилишните установи“

Реализацијата на проектот се одвиваше во неколку фази:

I ФАЗА: Обука за обучувачи: Градење на капацитети за мониторинг на воспитувачите за колегијална поддршка.

Обуката на обучувачи беше реализирана како дводневна, во периодот 24 и 25.12.2022 година. На обуката учество земаа 24 воспитувачи за колегијална поддршка, од 20 регионални градинки во земјата. Целта на обуката беше да се унапредат практиките за колегијална поддршка во детските градинки. На обуката воспитувачите се подготвија правилно да го изведуваат мониторингот, стекнаа знаења, способности и вештини за справување со процесот на мониторирање, како и споделуваа идеи и решенија за поквалитетна реализација на теренски активности при спроведување на мониторингот.

II ФАЗА: „Градење на капацитети за мониторинг на воспитувачи за колегијална поддршка“. Дисеминација на обуки во предучилишни установи низ државата со наслов „Градење на капацитети на негувателките во предучилишните установи“.

Стекнатите вештини и знаења од обуката негувателите ги пренесоа во своите матични градинки, заедно со воспитувачите обучени за водење на професионалните заедници за учење, а менторирани од воспитувачите за колегијална поддршка.

III ФАЗА: Онлај средби на платформата Зум, со воспитувачи на тема „Зајакнување на професионалните заедници за учење во детските градинки“

Во рамките на проектот „Градење на капацитети на негувателките во предучилишните установи“, беа реализирани четири онлајн средби со 200 воспитувачи обучени за формирање на професионални заедници за учење. Во развивањето на капацитетите на негувателките беа вклучени и воспитувачите за колегијална поддршка. Целта на реализираните средби беше да се обноват стекнатите знаења поврзани со културата на соработка во градинките и да се даде поддршка на дисеминациските обуки на негувателките. Првата онлајн средба беше одржана на 03 и 04.04.2023 година, со наслов „Култура на соработка во професионалните заедници за учење“. „Добри практики и искуства во нашата професионална заедница за учење“ беше наслов на втората средба одржана на 10 и 11.04.2023 година. На ден 24. и 25.04.2024 година се одржа третата онлајн средба со наслов „Модели и примери на успешна професионална заедница за учење“. Темата под наслов „Следни чекори во работењето на професионалната заедница за учење“ се реализираше на четвртата онлајн средба, одржана на 08 и 09.05.2023 година.

ОБУКИ ОД ПРОЕКТОТ

Обука на тема „Развивање на здрави навики во исхрана кај деца од предучилишна возраст“ се реализираше преку неколку обуки и онлајн обука во следниве фази:

I ФАЗА – „Градење на капацитети за мониторинг на воспитувачи за колегијална поддршка“.

Обуката за обучувачи од професионалните заедници за учење низ земјата се одржа на 28 и 29. 09. 2024 година. Дводневната обука вклучи 31 воспитувач за колегијална поддршка кои ги реализираа дисеминациските обуки во градинките. Обуката имаше за цел да ги зајакне и подобри капацитетите на воспитувачите за колегијалната поддршка за дисеминација на обуки за вработените во предучилишните установи, за градење здрави навики во исхраната кај децата од предучилишна возраст.

II ФАЗА – „Пилотирање на Mодули за обука на вработените во градинката“.

Пилотирањето и промовирањето на здрави навики во исхраната кај децата од предучилишна возраст започна со реализација во месец мај, 2024 година. Беа спроведени обуки за градење на капацитети во четири пилот предучилишни градинки, со цел создавање на поддржувачка и едукативна средина, која промовира добри практики за примена на навики за здрава исхрана на децата од предучилишна возраст. Во пилотирањето беа опфатени и градинки каде се забележува поголема присутност на деца од маргинализирани групи. Учесниците во обуките беа вработените во детските градинки од сите профили во детската градинка: директори, воспитувачи, стручни работници/соработници, негувателки и готварски кадар.

III ФАЗА – Дисеминација на обуки во предучилишни установи низ државата.

Од средината на месец октомври, сѐ до крајот на месец ноември 2024 година, се реализираше дисеминација на обуки „Развивање на здрави навики кај децата од предучилишна возраст“. Во обуките беа вклучени 31 градинка од целата држава, а учесници беа следните профили: директор, воспитувачи, стручни работници/соработници, негуватели и готварски кадар. Обуките беа еднодневни, со различен број часови во зависност од профилот. Обуките ги реализираа обучени воспитувачи за колегијална поддршка и технички експерти, кои имаа за цел да дадат поддршка на обучувачите во реализација на обуките.