Магистер по педагошки науки
Валентина Зиндл поседува долгогодишно работно искуство во областа на раниот детски развој каде се истакнува како професионалец со голема страст кон она што го работи. Таа има различни позиции, едната ѝ овозможува директна работа со малите деца, каде се фокусира на нивниот развој преку различни методи и активности кои ги поттикнуваат когнитивните, емоционалните и социјалните вештини.
Во другата позиција игра клучна улога во поддршка на тимови и професионалци кои работат со деца. Со својот искуствен пристап и учество во подготовка на модули, едукативен материјал, прирачници ги збогатува нивните практики и им помага да развијат стратегии кои ќе придонесат за уште подобра грижа и стимулирање на детскиот развој.
Фокусирана на создавање на тимска синергија, едукација и размена на искуства. Ја почитува важноста на грижата за себе, практикува методи кои ѝ помагаат да одржува балансиран и квалитетен живот.
Валентина продолжува да се развива како професионалец и да биде значаен извор на инспирација на сите кои работат со деца.