Проекти и обуки

ДОБРИ ЈОВЕВСКИ

ДОБРИ ЈОВЕВСКИ

Магистер по математичко-информатички науки

Во текот на својата професионална кариера, работи како наставник, обучувач и ментор во основното образование. Активно учествува во развојот на наставни програми, изработка на образовни ресурси и спроведување обуки за наставници во државни и приватни образовни институции. Како надворешен соработник на Бирото за развој на образованието и Државниот испитен центар, придонесува кон изработка на нови наставни програми за математика и националните тестирања по предметот.

Автор е на бројни учебници и збирки задачи по математика за основно образование, одобрени од Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието. Создава прирачници за наставници и други стручни трудови, кои се високо ценети за својата практичност, иновативност и професионалност.

Член е на тимот обучувачи кои промовираат медиумска писменост, инклузивно образование и дигитални иновации во наставата. Преку проекти како „Младите размислуваат“, „Формативно оценување“ и „Училишта што го унапредуваат здравјето“, активно работи на унапредување на компетенциите на наставниците и создавање инклузивна образовна средина.

Координатор е на неколку проекти поддржани од меѓународни организации. Воспоставува успешна соработка со образовни институции и организации од Европа и пошироко.
Добитник е на бројни меѓународни, регионални и локални награди за својата иновативност во наставата, повеќегодишен наградуван просветен работник во државата, носител на многу признанија, вклучувајќи прва награда на Европскиот форум за иновативни наставници.

Придружи ни се

Асоцијација и консалтинг на едукатори и заедници за учење ЕДУЛЕНД, како партнери на Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје, нуди можност за личен професионален развој преку следење на интерактивни обуки. Обуките се спроведуваат со примена на пакет алатки, презентации, пленарни дискусии, вежби, работа во парови или во групи, споделување на сопствени искуства и практики. Обуките се реализираат со физичко присуство и на барање на заинтересирани учесници и на онлајн платформата Зум.

Group of cute children lying on grass