„Волшебната чинија“ успешно ги активира и родителите и децата во градинка да научат нешто повеќе за здравите навики во исхраната. Соработка со родителите е клучен фактор во развојот на децата.
„Волшебната чинија“ успешно ги активира и родителите и децата во градинка да научат нешто повеќе за здравите навики во исхраната. Соработка со родителите е клучен фактор во развојот на децата.
Асоцијација и консалтинг на едукатори и заедници за учење ЕДУЛЕНД, како партнери на Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје, нуди можност за личен професионален развој преку следење на интерактивни обуки. Обуките се спроведуваат со примена на пакет алатки, презентации, пленарни дискусии, вежби, работа во парови или во групи, споделување на сопствени искуства и практики. Обуките се реализираат со физичко присуство и на барање на заинтересирани учесници и на онлајн платформата Зум.
ЕДУЛЕНД е основано по иницијатива на воспитувачи за обезбедување нa колегијална поддршка во насока на остварување на целите за формирање професионални заедници за учење во градинките низ Република Северна Македонија.