Историја на Едуленд

Асоцијација и консалтинг на едукатори и заедници за учење – ЕДУЛЕНД

Едуленд е асоцијација чии основачи се веќе докажани експерти со историја на претходни активности, кои ја сочинуваат најсилната национална професионална група на воспитувачи. Како долгогодишни експертски членови на Ран детски развој консалтинг и инстражување (ЕЦД Кор) и сега како основачи на ЕДУЛЕНД, беа иницирани од Националната кор-група воспитувачи за колегијална поддршка, да основаат Асоцијација на едукатори и професионални заедници ЕДУЛЕНД

Сите нејзини членови се веќе обучени, сертифицирани, со долгогодишно искуство во воспитно-образовната работа со деца од предучилишна возраст. Асоцијацијата Едуленд е партнер на канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје и ресорните министерства.

Во периодот помеѓу 2018-2020 година беше спроведена обемна програма за развивање на капацитети на воспитувачите, со поддршка на интернационален консултант и беа постигнати следните резултати:

Обуки за развивање на компетенции на 203 воспитувачи за колегијална поддршка социоемоционално учење, во 47 градинки, со повеќе од 60 часа;
Работилници за социоемоционално учење на деца од предучилишна возраст на 103 стручни работници и соработници во 47 детски градинки, 32 часа;
Обука за развивање на компетенции за социоемоционално учење на раководниот кадар во 47 градинки, од 16 часа;

Континуирано следење и поддршка на воспитувачи преку онлајн состаноци со меѓународни консултантски услуги (24 часа) и 3144 состаноци на воспитувачи за колегијална поддршка за развивање на професионалните компетенции на вработените воспитувачи во предучилишни институции за социоемоционално учење;

Вкупно 1132 воспитувачи беа опфатени со програмата за социоемоционално учење во времетраење од 48 часа, со речиси 80 % стапка на покриеност од вкупниот број на воспитувачи од градинките преку активности, како што се демонстрација/моделирање на часови, тимска форма на работа, спроведување на набљудување и обезбедување автентична и конструктивна повратна информација;

Континуирано следење и поддршка на воспитувачи преку онлајн состаноци со меѓународни консултантски услуги (24 часа) и 3144 состаноци на воспитувачи за колегијална поддршка за развивање на професионалните компетенции на вработените воспитувачи во предучилишни институции за социоемоционално учење;