Асоцијација и консалтинг на едукатори и заедници за учење ЕДУЛЕНД, како партнери на УНИЦЕФ, има политика на нулта толеранција кон СЕЗ (сексуална експлоатација и злоупотреба). Од сите вработени или ангажирани лица, со полно работно време, со скратено работно време, почесни членови и членови на основачкиот тим на ЕДУЛЕНД, како и сите негови надворешни соработници, се очекува да ги почитуваат највисоките стандарди за лично професионално однесување во секое време, и да обезбедуваат помош и услуги на начин кој ги поддржува правата на корисниците и од ранливи категории и други членови на локалните заедници.
ЕДУЛЕНД и сите негови членови се обврзуваат да ги следат клучните чекори за упатување, доколку стапат во контакт со лице кое е жртва на СЕЗ. ЕДУЛЕНД ќе определи лица кои ќе бидат водичи на упатувањето и волјата на жртвата секогаш обезбедува доброволна согласност пред давање помош, почитувајќи го правото на лицето, вклучително децата (во зависност од возраста и капацитетите), слободно да го изберат видот на услугите за поддршка што сакаат да ја добијат или целосно да ги одбијат услугите. Во случаите во кои се вклучени деца, ЕДУЛЕНД ќе им даде приоритет на најдобрите интереси на дете, одредување на курсот на дејствување, што е најефективен во заштитата на правата на детето на безбедност и тековниот развој.
ЕДУЛЕНД е основано по иницијатива на воспитувачи за обезбедување нa колегијална поддршка во насока на остварување на целите за формирање професионални заедници за учење во градинките низ Република Северна Македонија.