Асоцијацијата Едуленд овозможува анализа и професионални совети во следниве насоки:
Експертиза на програми за ран детски развој, до постигнување на висококвалитетен систем на образование во раното детство;
Експертиза во истражување и имплементација на иновативни практики во раното детство, со цел сите деца да го искористат својот целосен развоен потенцијал, вклучително и децата со посебни потреби и ранливите деца;
Експертиза во обезбедување ресурси, информации и поддршка за родителите, давателите на услуги за грижа на деца и заедницата;
Експертиза за поставување и објавување стандарди кои го промовираат раното детско образование и професионална подготовка во раното детство;
Експертиза во проактивно лидерство во заедницата, во однос на прашања кои се однесуваат на широкиот ран детски развој и прашањата за воспитување и грижа на децата, преку повеќесекторска координација, соработка и планирање, и преку ширење информации од јавен карактер;
Експертиза за застапување, мрежа и споделување информации;
Специјалистичка експертиза за имплементација на СЕУ (социоемоционалното учење), алатките во Националната програма за рано учење и развој во градинките низ државата;
Специјалистичка експертиза за создавање најдобри практики во градинките, за имплементација на конструктивистички пристап во раното детство.