Дипломиран педагог
Мира Ѓорѓиевска има долгогодишно искуство во предучилишната практика како воспитувач и педагог, со одлично познавање на современите педагошки пристапи во образованието на деца од предучилишна возраст. Нејзината работа е насочена кон примена на воспитно-образовни стратегии фокусирани на детето, со особен акцент на инклузивното предучилишно образование.
Таа има препознатливи и докажани вештини за менторство на деца од предучилишна возраст и нивните семејства, како и на воспитувачи од предучилишни установи. Автор е на бројни драмски текстови за деца од рана возраст, аудиосликовници и сценарија за организирање настани со деца, како во, така и надвор од градинките. Покрај тоа, создава едукативни материјали наменети за родители и воспитувачи, со што придонесува за унапредување на предучилишната практика.
Мира Ѓорѓиевска се истакнува со специјализирани знаења и вештини за обука на возрасни, особено на воспитно-згрижувачкиот кадар во градинките. Таа е истакнат Едуино амбасадор, посветена на колективно подобрување на образованието преку кокреација и воведување иновации во предучилишното образование.